Од каде на каде ултиматумот веднаш по ветото прерасна во компромис. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, исплашен од антицивилизациската и антиевропска блокада на прогресот на Македонија, но и од последиците изјавува дека поколенијата и во Македонија и во Бугарија „ќе нѐ осудуваат што нe најдовме компромис“
Ќе остане запишано во историјата и врежано во главите на повеќе генерации граѓани на Македонија, ќе се прикажува од колено на колено, дека Бугарија ја блокира Македонија на европскиот пат. Единствено Бугарија и никој друг од 27 членки на ЕУ ја постави барикадата.
Низ целата своја понова историја Бугарија од крајот на 19 и целиот 20., и еве сега во 21. век, особено кога е во прашање Македонија, застанувала на погрешната страна на историјата. „Најромантичниот дел од историјата на Бугарија“ всушност секогаш е силување. Романтика со сила не бива. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, исплашен од антицивилизациската и антиевропска блокада на прогресот на Македонија и од последиците, денес, по ветото, изјавува дека поколенијата и во Македонија и во Бугарија „ќе нѐ осудуваат што не најдовме компромис“.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Независен на следниот ЛИНК.