Бошкова-Мицевска: И на толку вера, јас побезобразни ставови немам прочитано

Онаа пролет што ја вложивме за да имаме иднина.

Останавме дома за да се заштитиме и себе и сите.
Сите што можат работат од дома.
Се приземјија авионите во цел свет.
Затворени граници, континенти.
Семејства без прегратки цела пролет.
Нема матури за учениците.
Нема венчавки за младите.
Нема кафеани, кафетерии.
Одложени Олимписките игри.
Одложено Европското во фудбал.
Карневалот во Венеција.
Нема настани, концерти, театар.
Луѓе по светот чекаат да си дојдат дома, да се гушнат со своите.
Папата молеше на празен плоштад во Ватикан.

Само нашиве верници во бога не можат да се поврзат со него од дома. Им треба театар за да се покажат колку веруваат. И на толку вера, јас побезобразни ставови немам прочитано.

Нашиве не сакале волку затворено, било претерано, не ги тестирале, си ја сакале слободата, маски ќе носеле.

ФБ статус на Видана Бошкова-Мицевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e