Груевски е во право: Затворот нема да ги избрише од меморијата на граѓаните делата што ги направи за оваа држава и овој народ; најголемата мирновременска трагедија во Европа, никогаш нема да се заборави.
Може да биде во право и со второто клучно тврдење, дека ќе дојде време кога народот ќе си ја врати власта во свои раце и кога ќе се преиспитаат ваквите одлуки.
Ако народот реши да им ја врати власта на чипираните идиоти, тоа може да биде добро за него, но се плашам дека тоа нема да се случи во овој век. Ако, пак, реши да си ја врати преку луѓе какви што сме јас и моите пријатели, тогаш, можеби, е попаметно да се моли власта никогаш да не се менува и одлуките против него никогаш да не се преиспитуваат. Затоа што се бомбони во однос на злоделата што ги изврши низ демонтажата на колективното национално, духовно, културно, материјално и политичко овоплотување на цел еден народ во текот на неговата модерна историја.
Бранко Тричковски