Богојески: Подобро да се спречи, одколку да се лечи!

Подобро да се спречи, одколку да се лечи!

Настрана емоции… успешноста на битката со короната си има своја мерна единица – процент на смртност од вкупно заразени!

Ако светскиот просек до денес е 6.1%, се над тоа е лош здравствен систем, а се под тоа е делумно ефикасен или ефикасен!?!

Канада со 2.05% и Германија со 2.36%, се пример за ефикасен здравствен систем!!!
Кина со свои 2.7% и САД со 3.9% исто така покажаа дека имаат здравство!

Македонија со 4.5% е со делумно ефикасно здравство, но со сериозна тенденција да се доближиме до светскиот просек. Тоа ги оправдува строгите мерки и вонредната состојба! Ако се случи да дојдеме до сериозно поголем број на заболени, може да покажеме дека немаме здравствен систем, односно да и се доближиме на Италија!?!

Италија со своите 12.7%, е пример за што?!?

Затоа #седидома и #останибезбеден!!!
Подобро да се спречи, одколку да се лечи!
Зошто ќе нема кој да не лекува!
Не е вината кај лекарите, туку во системот!

ФБ статус на Петар Богојески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e