Во Македонија, над 60% од населението верува во некоја од теориите на заговор поврзани со коронавирусот.
Истражувањето, каде испитаниците можеле да одберат и повеќе од една теорија на заговор во која веруваат, вели дека:
Над 50% веруваат дека коронавирусот е произведен од кинеската влада во лабораторија. 50% веруваат дека фармацевтската индустрија е вклучена во ширењето на вирусот. Речиси 40% дека коронавирусот е развиен од американската армија како биолошко оружје. Речиси 40% веруваат дека Бил Гејтс сака со вакцината да протурка и микрочип со кој ќе ги следи луѓето. Речиси 30% дека коронавирусот е поврзан со 5Г технологијата.
Според ова, добар дел од населението во нашата држава верува дека коронавирусот е заеднички проект на кинеската влада и америкаската армија, развиен во лабораторија како биолошко оружје, кој потоа се шири низ светот од фармацевстаката индустрија преку 5Г, со цел Бил Гејтс да може да ни инсталира микрочип за следење преку вакцината.
Толку од објавата.
ФБ статус на Павле Богоевски