Прочитав дека моите статуси им биле предолги и прекомплицирани за читање на „другарите и другарките“ од Левица. Затоа, еве нешто покусо и поедноставно:
Да, овој пат апасиев ЌЕ ВЛЕЗЕ во Парламентот. Не поради неговите 387К интеракции на фб или „енгејџменти“ како што ги нарекува патриотот. Уште помалку поради неговиот партиски рејтинг од 1-1.3%.
Ќе влезе, бидејќи веќе одработи за вмро-дпмне и уште поважно, бидејќи на нив им треба гласен шарлатан во Парламентот. Бидејќи им треба некој кој ќе ги извикува нивните највлажни и најнационалистички соништа на сиот глас од собраниската говорница, блокирајќи ги сите процеси кои дпмне ќе треба да ги спроведат ако сакаат да останеме на патот кон ЕУ и давајќи им го совршеното алиби – дека не е од нивната партија и дека „немаат контрола врз него“.
Ќе влезе и ќе ги остави во заборав сите носители на листи, пратенички кандидати и „загрижени патриоти“ зад него, како што има направено многу пати до сега.
Затоа димче, престани да се криеш зад твоето овогодинешно топовско месо. Не ти доликува, човече.
ФБ статус на Павле Богоевски