• Предизборно ветуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор – излажаа;
• Ветија и дека ќе го вратат уставното име на Македонија – и тоа го излажаа;
• Прават непријатели на сите страни, само да ја држат Македонија што подалеку од ЕУ;
• Во кочанската шупа изгореа 63 деца – прават се’ да ја забошотат трагедијата, да го одолговлекуваат судскиот процес со цел вистинските виновници да не ги стигне казната;
• Водеа силна кампања со тезата дека договорот со „Бехтел и Енка“ е коруптивен – дојдоа на власт и ја продолжија неговата реализација;
• Велеа дека ќе го укинат покачувањето на функционерските плати од 78% – ништо од тоа;
• Ја задолжија државата со 7 милијарди евра и немаат намера да престануваат со земањето кредити кое ќе ја донесе земјата пред банкрот;
• По ниедна цена не сакаат зголемување на срамно ниската минимална плата;
• Не сакаат да помислат ниту на покачување на понижувачките плати на работниците;
• Наместо ветеното двојно зголемување на земјоделските субвенции – истите ги намалија за повеќе од 30%;
• Нема пари за повисоки плати на работниците, има за нов владин авион за да можат премиерот и неговата екипа да одат по инструкции во Будимпешта и на приватни прошетки по белиот свет;
• Нивните пратеници се рекордери во бесрамното лапање патни трошоци од 10-15.000 евра на годишно ниво;
• Безобразната партизација на правосудниот систем е второ продолжение од серијата „Тефтерчето на Горде“;
• Го обвинуваа Артан Груби за криминал од 8 милиони евра, го пуштија слободно да си замини од државата, направија политички договор со ДУИ, го вратија и му определија „строга“ мерка – домашен притвор;
• Во владините и директорските кабинети инсталираа шунд-кадри бирани по строго партиска, роднинска и швалерска линија;
• Ги корумпираа медимите и ги претворија во разгласни станици на Белата палата.
И сето ова, вклучително и неброени други финансиски и партиско-политички скандали, за само 20 месеци власт на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН!
Да се случеше ова во време на владеење на СДСМ, мицковци ќе блокираа патишта и институции, ќе ги бркаа „комуњарите“ по улици и ќе ги тепаа како кучиња, ќе им ги каменуваа куќите и становите а вратите ќе им ги заковаа со шајки за да не можат од дома да излезат.
Вака, имаме „финска“ опозиција со изретчени вистински социјалдемократи, работници и борци, но со стотици и стотици егоисти и материјалисти кои си завршија едночудо приватни работи. Ама по нивно видување тоа им било малку, заслужувале многу повеќе: уште некој близок да вдомат, да се насадат на уште некоја платена функција… па затоа со месеци јавно или скришно манифестираат незадоволство и ја бојкотираат партијата, притоа непрепуштајќи ги функциите кои и натаму ги држат, закачени за нив како пијан за плот.
Заев ја пропушти шансата да расчисти со профитерите и ситните души.
Венко се’ уште има време тоа да го направи. Уште малку.
ФБ став на Зоран Милошески
