Безбедност не се прави со камери. Се прави со логика, сообраќајни решенија и одржување на системите

Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад?
Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално.
Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа
Тип на пат Брзина
Улица во населено место 50 км/ч
Зони со пешаци / училишта 30–40 км/ч
Локален пат 70–90 км/ч
Магистрален пат 90–110 км/ч
Булевар 60–70 км/ч
Кружен тек / критична точка 50 км/ч
Автопат 120–130 км/ч
Булевар ≠ маалска улица, затоа не се вози 50 км/ч! Со три широки ленти, без премногу пешачки премини, со замена на некои раскрсници од семафори во кружни текови и со добро обележани раскрсници, булеварот може безбедно да се вози 70 км/ч.
Што се случува кај нас?
Во Скопје постои центар за регулација на сообраќајот, кој се правеше со години и едно време функционираше одлично.
• Автоматска регулација базирана на реална состојба на сообраќајот
• Следење на сообраќајот преку камери и индуктивни јамки
• Брза промена на семафорите според густината на сообраќајот
Но, во последните години системот не се одржува. При реновирање на улиците, голем дел од индуктивните јамки се искинати или ископани.
Резултат: системот е потполно нефункционален
Дополнително градот е блокиран затоа што градоначалниците за „станче“ дадоа одобренија за градење на згради на места каде биле изградени индивидуални куќи. Паркинзи нема доволно, а и тоа го решаваат со зголемување на цени, а не со наоѓање решенија.
Дозволија да се изгради Ист Гејт мол на место на кое сообраќајот е зголемен за 1000%, а сообраќајната инфраструктура е иста. Кога ќе се завршат и зградите во Крњево, ќе биде потполно блокиран сообраќај.
Резултат?
КОЛОНИ. СТРЕС. ЗАГАДУВАЊЕ.
Безбедност не се прави со камери.
Се прави со логика, сообраќајни решенија и одржување на системите.
Европа прави прво инфраструктура, па казни
Скопје – прво казни, па хаос, а системите за регулација се нефункционални
Булевар со 70 км/ч + логични решенија = безбедност.
Булевар со 50 км/ч + нефункционален систем = блокиран град.
Во Скопје порано се возеше со брзина од 60км/ч на булеварите, но се случија неколку сообраќајки кога пијани и издрогирани возачи возеа со огромна брзина и имаше смртни последици. Заради овие неколку изолирани случаи, наместо превенција, се намалија брзините на булеварите од 60 на 50. Проблемот не се реши затоа што повторно пијани и издрогирани возачи и возачи без возачка дозвола предизвикаа сообраќајки со смртни последици.
Исто така, излезот на Скопје кон исток беше со ограничување од 120км/ч, но пред некоја година се случи верижен судир на повеќе возила заради несоодветно решение за одведување на водите од коловозот кои беа подмрзнати, и наместо да стават знак со дополнителна табла во услови на дожд и поледици да се вози со помала брзина, тие во цел потег ја намалија брзината на 70, а на почетокот и 50км/ч, што создава огромни гужви на излезот од Скопје.
Ако сакаш безбедност – копирај ја Европа.
Ако сакаш хаос – продолжи вака.
ФБ став на Дејан Митевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e