Баш заради тоа што се глумци, режисери, оперски пејачи, треба да одат во притвор

Ме прашаа зошто мислам дека глумец, режисер, оперски пејач треба да одат во притвор. Зар не е олеснителна околност нивниот професионален дострел, нивното просуство на домашната и на светската сцена, нивната јавна улога?

И јас одговорив – ДА.

Тоа што се професионалци и нашетани и паметни и со репутација која ги прави препознатливи за широката јавност, мора да има удел во одредувањето на мерката притвор.

Баш заради тоа и мора да им биде одредена.

Тие не се неуки, ниту заведени, ниту заплашени. Тие точно знаеле што поддржуваат и точно знаеле каде ги водат граѓаните кои ги слделе и точно ги знаеле последоиците на своето делување. Тоа се луѓе на кои им се верува и зад кои застануваат неуките и ненашетаноите и оние кои лесно можат да бидат манипулирани и заплашени.

Тие се предводници и предводниците треба да добијат најстрога можна заштитна мерка исто како што треба да добијат и најстрога можна казна.

Тие кои не го разбираат ова се или многу глупи или се прават глупи или мислат дека сите ние кои окапавме во борбата против фашистичкиот режим сме исклучително глупи.

Мирјана Најчевска – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e