БАНАНА ДРЖАВА – Мерки после Велигден, народе снајди се!

Мерки за ублажување на инфлацијата и стабилизирање на цените ќе имало после велигденските празници. Така рече премиерот. Шо значи дека за Велигден маркетите и трговците можат да прават шо им душа сака! А кога веќе Владата им дала одврзани раце, тогаш – удрете по народот!
За кого „душегрижниците“ од власта ќе носат мерки после завршувањето на најголемиот христијански празник за кој и во нормални услови, со нормални цени, семејствата го трошат последниот денар од домашниот буџет?
Зарем не им е јасно дека до следниот први, до следната плата, до следната социјална помош, најголемиот дел од населението ќе се прехранува со она што останало од празничната трпеза? Дека домашните набавки ќе се сведат исклучиво на купување леб? Дека сметките за вода, струја, комуналии ќе се приберат во некоја фиока и дека за таа мака ќе му ја мислиме следниот месец?
Им паднало на памет на мицковци дека дел од македонските семејства се и децата кои имаат свои нормални барања и потреби? Дека доаѓаат матурските вечери и летните одмори? Дека дури и „талогот на општеството“ има право на живот… каков-таков?
Помислиле ли некогаш дека немаме сите 150.000 денари плата? Дека не земаме провизии од тендери? Дека митото и корупцијата не ни се на сите во карактерот?
Најдобар доказ дека живееме во банана држава е тоа што сме дозволиле тешки медиокритети и арамишта збеснати од крадење и аздисани од пари, да прават од нас мајмуни!
Или пак, ништо друго и ништо повеќе и не сме заслужиле?
ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e