Бајден во балканскиот лонец: „Америка ке се врати на меѓународната сцена“ е слоганот кој во хор го повторуваат европските политичари и аналитичари во Берлин, Париз и Брисел. Америка ќе се врати и на Балканот, што е сосема очекувано, бидејќи од епохата на претседателот Клинтон, САД беа интензивно присутни во регионот. Меѓутоа во Западен Балкан останаа повеќе недовршени досиеја, како што се БиХ, дијалогот Приштина-Белград, а еве сега се наметнува и билатералниот спор меѓу Скопје и Софија. Во мандатот на Трамп во Северна Македонија се случија големите пресврти и падот на популистичкиот режим на Груевски, како и упадот на толпата во Собранието. Американската амбасада, како и дипломатите Брајан Хојт Ји и Метју Палмер одиграа важна улога во зачувувањето на стабилноста и надминувањето на популитичкиот илиберален режим на Груевски. Администрацијата на Трамп со извесен епизоден пресврт се обиде да ги измири и Белград и Приштина, но вистинските ефекти во изборната година не вродија со плод. Кога во администрацијата фигурираат личности кои поседуваат детални познавања на регионот, како Џон Кери, Николас Барнс, па и самиот Бајден, евидентно е дека значително ќе се зголеми американското присуство во Западен Балкан.
Нема сомнение дека Бајден радикално ќе прекине со непредвидливата и индиферентна дипломатија на Трамп и отсуството на пермаменетноста во надворешно-политичката стратегија. Основите на американската дипломатија на Балканот се солидно анкерирани и добро познати. Триесет години САД преку своите претседатели од демократите и републиканците играа значајна улога на Балканот, ги афирмираа правилата, учествуваа во изнаоѓање на мировните решенија, но покажуваа и манифестираа ударна воена сила во БиХ, во Србија и на Косово, со цел да воспостават една колективна регионална сигурност и просперитет.
Целата колумна на Нано Ружин за Независен на следниов ЛИНК.