Бачовски: Луѓе, престанете со општата хистерија и хајката против медицински лица!

Ги гледав видеата и репортажата од состојбите на инфективната клиника во Штип.

Луѓе, престанете со општата хистерија и хајката против медицински лица !

Јас бев еден од многуте кои примаа болничка терапија и помош на инфективно Штип.

Задоволен од лекарите и медицинските сестри. Може да се подобри услугата на болничарите и хигиеничарите. Храната беше соодветна и навремено донесена.

Не секогаш ми се јавуваа на телефон, но знаеа да се одговорат и во 3 после полноќ.

Никаде не е лесно. И држави со многу поспремни здравствени системи колабрираат. Но внимавајте, никој не ги напаѓа здравствените работници ! Верувајте, знае да биде многу демотивирачки.

Во секој случај, секој менаџмент на клиниките и болниците треба да даде максимум за пациентите да добијат најдобра можна нега. Ова се моменти кога не смееме да се штедиме. И да сносиме одговорност за евентуалните грешки.

Жалам за сите жртви од Ковид-19. На нас останува да ги почитуваме мерките и да ги слушаме советите од луѓето во бели мантили.
ФБ статус на Никица Бачовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e