Аве, Цезари, карирани, на штрафти!

Го слушам спортскиот коментатор како егзалтирано, со насолзени очи вреска во телевизискиот микрофон, засипнат и во националистичко бунило, славејќи ја победата на националната фудбалска репрезентација, бидејќи земјата, која со години беше оставена надвор, во „фудбалската дивина“, сега конечно ќе заигра на Европското фудбалско првенство! Фудбалските репрезентативци се прогласуваат за национални херои, тренерот е издигнат во статус на полубожество, а следуваат и пригодни психијатарски анализи за духот на нацијата, за славното минато, за светлата иднина и за други слични глупости.

Се работи за коментаторските импресии од фудбалската репрезентација на Шкотска, која во вчерашниот решавачки меч за квалификациите, после резултат од 1:1, на пенали ја победи Србија, за да се пласира на Европското фудбалско првенство.

За разлика од Шкотот, нашиот коментатор отиде и една пискава октава повисоко, па вивнат во сличните неконтролирани спортско-патриотски вознесенија, почна да тресе зелени и за фудбалската гордост на православните христијани од земјава за тимот во кој играат и даваат феноменални пасови и голови и по еден Бесарт, Ферхан, Езџан, Енис, Елиф итн.

Владата (Македонската, не Шкотската) истата вечер не додржа, итно свика седница – или можеби и така заедно (на дистанца и со маски, под будното око на Филипче!) го гледале натпреварот – и донесе вонредна одлука на сите фудбалски национални херои од теренот и на клупата да им се доделат (од стратегиските резерви на Буџетот!) по 10.000 евра за овој светски глобален историски епохален пласман во Европскиот куп над куповите, со што сигурно се трасира нашиот несопирлив пат во евро-интеграциите!

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e