Арслани: Еве им можност на политичарите да се покажат на дело!

Шведската принцеза Софија, наместо да ужива во сигурноста која ја дава кралската круна, доброволно се ставила во служба на здравствениот систем на оваа скандинавска земја во борбата против корона-пандемијата.
Според известувањето на менаџерскиот тим на болницата “Софијахемет”, со оглед дека по професија не е медицинско лице, принцезата Софија и другите доброволци нема да работат со пациенти, туку ќе дезинфицираат опрема, ќе вршат работи во кујната и ќе чистат. Повторувам, ЌЕ ЧИСТАТ !

Дали ние во Македонија ќе го дочекаме тоа чудо, па тн. “од народот и за народот” политичари, барем еден ден ќе поминат во болниците и ќе им бидат од помош на здравстените работници.
Имајќи во предвид дека во овие изминати 30 години, сите глумци на политичката сцена се декларираа како големи демократи и зборуваа за скандинавски модел на држава, еве им одлична можност да се покажат на дело.

Вашата работа е многу повеќе од тендери, “лапање” на патни трошкови, одвоен живот, патувања и софри на грбот на граѓаните. Вашата работа е да му служите на народот. Ако не знаете како, принцезата Софија ви е совршен пример за тоа !
ФБ статус на Сенад Арслани

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e