Иако repetitio est mater studiorum, нема потреба да ги повторуваме превентивните мерки за COVID-19. Овој народ се си знае. Не му се потребни ниту примарна социјализација, ниту академска едукација. Тој се раѓа со аристократско воспитување, дворска култура и стручност за уставно право, геополитика, меѓународна економија, воена аналитика, религиска филозофија, генетски инжинеринг, микрохирургија, нуклеарна физика, нанотехнологија, небесна механика, вонгалактичка астрономија, па дури и за области кои сеуште не постојат. Во превод, овој народ поима нема од ништо, а знае се. Пример за парадокс par exellance !
Епа дипломци од факултетот “Знаеш ли на кој сум јас” при универзитетот во Марс, кога го знете сето ова, сигурно знаете и дека капацитетите на инфективната клиника и ГОБ во Скопје скоро го постигнаа својот максимум. Ништо подобра слика нема ни во инфективните одделенија и одделите за интензивна нега во другите градови во Македонија. Ретко кога може да се слушни сирена, а тоа да не е службата за брза помош којa транспортира COVID-19 позитивен пациент, чиј живот често виси на конец.
Медицинскиот персонал е приказна за себе. Целосно физички и психички исцрпен. Изолацијата на преку 700 корона позитивни здравстени работници е дополнителен удар за и онака изразениот дефицит на медицински персонал во македонското здравство. Сето тоа резултираше со мобилизирање на додатен персонал од другите градови за помош на колегите во Скопје. Нешто што најверојатно ќе продолжи и во идниот период. За жал.
Кога ги решавате сите светски Гордијеви јазли, барем на миг сетете се, дека докторите, медицинските сестри и останатиот технички персонал, неможат да си ги видат семејствата, прават многу повеќе отколку што можат, само за да се запри црната корона статистика.
Вашето неодговорното однесување и непочитувањето на мерките, не само што дополнително ќе го забрза ширењето на епидемијата, туку ќе биде дирекна причина за нечија смрт. Не е исклучено тоа да биде ваш близок. Можеби и најблизок !
ФБ статус на Сенад Арслан