Арсиќ: Со ваков однос кон лекарите и со нештитење на самите себе успешно си го одржуваме првиот бран, па за втор ќе нема ни потреба

Да е појасно. Кога одговорноста за спречување на пандемијата беше кај државните институции, тие направија се што можеа и знаеја- затворија граници, прекинаа со настава детско- образовни институции, родители со деца прекинаа со работа, се отворија државни карантини, специјални летови за нашите во странство…итн. И сето тоа со препораки од лекарите.

Кога рестриктивните мерки, делумно и под притисок од јавноста, почнаа да се укинуваат и одговорноста за заштита од вирусот преминаа и кај нас, тогаш покажавме колку сме невоспитани и без никаков осет за своето и туѓото здравје.

Оттаму, не е до лекарите, оние кои и натаму секојдневно се борат, до нас е верувајте. А толку е просто, маска и дистанца. И секако, казни од МВР за непослушните. Со ваков однос кон лекарите и со нештитење на самите себе успешно си го одржуваме првиот бран, па за втор ќе нема ни потреба.

ФБ  статус на Љубиша Арсиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e