Арсиќ: Мицкоски наместо да реагира на начинот на кој Русковска ја објавила одлуката, треба да се запраша каква е неговата улога во креирањето лажни докази?

Русковска објави дека пријавата на Милошоски против Заев за случајот Рекет е пропадната. Снимките кои Милошоски ги приложил како доказ биле „сечени, лепени, монтирани”.
Мицкоски изјави дека било неетички тоа што Русковска ја објавила одлуката јавно. Затоа:
– Како поинаку да се објави одлука на Јавно обвинителство по пријава на пратеник против премиер?
– Ако не се објавеше јавно, тогаш Мицкоски ќе бунтуваше зошто постапката е тајна.
– Ако одлуката на обвинителството е неетички да се објави во јавноста, тогаш дали е етички да се предадат монтирани снимки како докази?
– Ако Мицкоски смета дека одлуката не треба да се објави, тогаш зошто Милошоски при поднесувањето на пријавата повика десетици медиуми? Како што тогаш јавноста беше запознаена со пријавата, сега треба да биде запознаена и со одлуката.
– Наместо Мицкоски да реагира на начинот на објава на одлуката, подобро му е да се запраша кој му ги подвалил монтираните снимки, или каква е неговата улога во креирањето лажни докази?

ФБ статус на Љубиша Арсиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e