Ампева: За кои знаете дека се вратиле од земјите во ризик, кажете им да бидат во самоизолација, во спротивно пријавете ги

Без паника и лажни вести, министерот за здравство навремено излегува на прес и ни дава информации навремено. Но еве, поради пораки во инбокс, да пишам нема случај кај нас во Штип на заболени! Препораките озбилно да ги разбереме и оние за кои знаете дека се вратиле од земјите во ризик, кажете им да бидат во самоизолација, во спротивно пријавете ги.
Повикувам на самосвесност од страна на работничките доколку допатувале од такви земји или биле во контакт со лица, да останат дома во изолација. Не е фер ни кон колегите , ни кон компанијата, а ниту пак кон нас како сограѓани.
Немаме епидемија, дури ни еден случај, така да, да се држиме до препораките и за себе и за блиските, особено повозрасните.
ФБ статус на Кристина Ампева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e