Амнезијата на Силјановска

Она што драматично ги разликува кандидатите во претседателската трка е нивниот однос кон партиите што ги поддржуваат. Гордана Силјановска-Давкова постојано зборува за правда и правна држава, но никако не сака да ја коментира „правната држава“ во владејачката деценија на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики на кој било друг план.

Како што рече, ниту сака минатиот труд на партијата да се става на нејзино конто, ниту нејзиниот на партиското. Но, ваквиот принцип на кој таа инсистира во третманот кон неа, ни самата не го применува во односот кон противкандидатот. Додека таа избегнува одговори за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, бара противкандидатот да одговора за политиката на владејачките партии што го поддржуваат.

Разликата е во тоа што Пендаровски ѝ одговара на сите прашања. Тој ниту вработил некого, но зборува и го критикува непотизмот. Силјановска, пак, се однесува како за непотизмот првпат денес да слушнала. Зборува за случаите со кои сега се занимава ДКСК, но нема ни збор за стотици и стотици такви случаи во изминатите десет години.

Заборава колку жестоко го оспоруваше Преспанскиот договор кој беше клучен услов земјава да добие покана за членство во НАТО, а сега на Фејсбук, без ни малку да ѝ е непријатно, им порачува на граѓаните: „Драги мои, во мојот мандат Македонија ќе стане членка на НАТО“

Можеби и не слушнала, бидејќи партијата што нејзе ја поддржува, беше скарана со транспарентноста. За вработените роднини на фамилијата и нејзините функционери никој не смееше да зуцне. За разлика од денешнава ДКСК, тогаш имаше Комисија, која, не само што не постапуваше, туку и ретките претставки ги затвораше со пораката „крај, за век и веков, амин“.За таа правна држава Силјановска има гоооолема амнезија. И кога денес вели дека нејзиниот концепт е „ветувам, не заборавам, остварувам“, таа едноставно не ја зборува вистината. Заборава колку жестоко го оспоруваше Преспанскиот договор кој беше клучен услов земјава да добие покана за членство во НАТО, а сега на Фејсбук, без ни малку да ѝ е непријатно, им порачува на граѓаните: „Драги мои, во мојот мандат Македонија ќе стане членка на НАТО“.

Професорката што искина железни опинци шетајќи од медиум до медиум за да го критикува Договорот од Преспа, сака да се кити со првата клучна придобивка од него. Не само што тоа не е нејзин резултат, ниту на партијата што ја поддржува, туку членството во НАТО можеше да биде и целосно загрозено токму поради нивното затсценско пропагирање на бојкот на референдумот.

Целата колумна на Катерина Блажевска за Призма, прочитајте ја тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e