Амнестија да, помирување не

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-Пратениците најдоа решение како да се направи трговијата со гласови за амнестија и, да немате дилеми, таа ќе се направи. И судството ќе му се покори на договореното. Сè може да се истргува кога има пазарна волја, тоа е просто едно многу старо начело, постаро и од државата, а не, пак, од правната држава.

Да, не ни е сеедно. Верувам дека уште помалку им е сеедно на оние со дупнатите глави, на директните жртви, кои сега треба да дадат амин за дилот.

Истовремено, не знам што толку глумиме зачуденост. Ако патот кон пеколот е поплочен со добри намери, патот кон нормална држава очигледно е поплочен со болни компромиси.

Има нешто поесенцијално од самиот компромис, а тоа се токму намерите. Не на учесниците на крвавиот четврток, туку на овие што сега ќе кренат рака за амнестија.

Дали владејачкото мнозинство тоа го направило за себе, за лична корист, дали им ја шитнале слободата на своите колеги од противничкиот табор за пари?

Каде живееме, ништо, нели не треба априори да се исклучи, ама во конкретниов случај, јас немам сомнежи дека идејата не е родена во некоја автохтона македонска крчма за коруптивни зделки, туку е отсекување на гангренозната нога, за да се спаси животот.

Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e