Дел од колумната на Мирјана Најчевска за Цивил Медиа:
Јас лично сум многу против амнестии.
Мислам дека на тој начин се подрива правниот поредок и се атакува врз правната сигурност, а најмногу од сѐ, се оштетуваат жртвите на одредени прекршувања на законите.
Бев и против генералната амнестија која беше дадена за сите осуденици пред неколку месеци. Мојот став беше дека треба да се повторат судењата секаде каде што постои и најмало сомнение за диригирани пресуди, за партиско влијание или за корумпирани судии.
И сега сум против оваа нова амнестија која е на повидок, а која ја нарекоа помирување и долго време тврдеа дека воопшто не станува збор за амнестија.
Како и секоја друга амнестија и оваа најновава, од една страна, става црта на одредени случувања кои ја потресле заедницата, меѓутоа, од друга страна, не нуди правна разрешница и остава горчлив вкус во устата дека одреден вид прекршувања на законите се казниви, а кај други може да се избегне казната заради политички причини.
Очигледно е дека властодржецот се решил за ваков потег и правните аргументи тука многу малку се земаат предвид и им се посветува многу мало внимание.
Политичкото решение не води сметка ни за психолошкиот аспект (како на поединците инволвирани во насилниот акт – непосредните жртви на насилството, ниту пак на пошироката заедница која како колектив беше изложена на насилството врз избраниците на граѓаните, односно, на стрес од атак врз највисокиот орган на државата). Најчовечки е да се претпостави дека, ако вакво нешто може да им се случи на пратениците, тогаш “обичните луѓе“ не можат да очекуваат никаква заштита од било кој облик на насилство. Од аспект на човековата безбедност, ова е многу проблематичен потег кој може да има далекусежни негативни последици.
Доколку ги тргнеме на страна правото и психологијата, останува политиката.
Во конкретниот момент, амнестијата има политичко оправдување содржано во потребата од брза интервенција во Уставот и создавање услови за имплементација на договорот од Преспа.
Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.