Ало, Хјустон, имаме проблем!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:
Како што (за сега) стојат работите, од Македонија, земјата кандидат за членство во НАТО, Груевски илегално влегол во Албанија, земја членка на НАТО, потоа легално (со лична карта, со фалсификуван пасош?), возен во унгарски дипломатски автомобил, поминал во Црна Гора, уште една земја членка на НАТО, за од таму (не се знае како) да заврши во Унгарија (ако е, воопшто, таму, за што уште немаме физички докази), а и таа земја членка на НАТО?!
Речиси да поминал низ третина членки на НАТО, како младо петле низ широка авлија!

Многу јака ова најмоќната безбедносна алијанса на светот! Можел Груевски, почесниот претседател на една овдешна револуционерна организација, во торбите да не носел само, наши, милиони евра (претпоставка, можеби биле и повеќе), туку и нечии три грама ураниум и десет килограми експлозив семтекс, и никој по пат да не го прашал за јуначко здравје. А можел да се вика и Али Агџа или Ли Харви Освалд…

Ало, Хјустон, имаме проблем!

Ова безбедносно, дипломатско и политичко фијаско веќе ги надмина границите на Македонија. Груевски повторно го привлече вниманието на меѓународната заедница. Последниот пат кога тоа му се случи, заврши со десетина тешки кривични обвиненија, со една важечка двегодишна пресуда за в затвор и со одлична перспектива да биде оквалификуван за главен организатор и командант-на-далечинско на упадот во Собранието на РМ на 27 април минатата година, со кривично-правни последици од областа на тероризмот во тој обид за државен удар.

Сепак, сепак, молам за смиреност, за момент да востановиме некаква прибраност и да заборавиме на стотиците прикаски и шпекулации – меѓу кои и моите од пред два дена, дека пребегал преку Србија до Унгарија):-! – за да ја погледнеме целата ситуација од мала нирвана-дистанца. Што ни нуди таквата аналитичка будистичка перспектива?

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e