Ако некој се чувствува пропаднато, треба ли сите да пропаднеме?

Постојано го раскажува својот сон дека ќе биде премиер, ама не сака да се кандидира… Се чувствува како пропаднат спортист… Според него, не треба да се пружи финансиска помош за колку-толку да се залечат раните од пандемијата, затоа што тоа било изборен поткуп, а ни датум за избори нема – затоа што тој не го дозволува тоа.

Е вака веќе не може, навистина! Веќе одамна не е смешно, иако самите изговори и манипулации се смешни. Никој од нив не очекува којзнае какви доблести, но ова ги помина сите граници. Гледаме еден, колку изгубен, толку и распашан политичко-медиумско-криминален полусвет.

Навистина, навикнати сме да ја доживуваме политиката по нејзините булеварски атрибути, но сепак, ова се години на газење пристојноста, честа и достоинството. И доаѓа моментот кога на човека ќе му се смачи од сѐ. Кога трпението и склоноста да се зборува и пишува во пристоен тон ја губат својата смисла.

Но ајде, да земеме здив и да ја зачуваме присебноста и пристојноста, не поради тапоглавите разбојници, туку поради нас самите. Погодувате, ги гледав изјавите и по втората неуспешна лидерска средба за датум за изборите. Средбите ги побара, а потоа ги уништи Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Еднострано и без консензус.

Ултиматум не прифаќа, што би било ОК, ако некој му го поставува. Притоа, не му пречи да поставува ултиматуми. Цело време! Вели дека, од домашно воспитување, знаел дека треба да мие раце, но не го научиле дека треба и да се извини кога сочно, влажно и гласно испушта гасови.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e