Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:
-Бранимир и Звонимир се двајца дивјаци од најзафрленото место во Хрватска, наречено Поскоковата Долина, пустелијата надвор од цивилизацијата, таму некаде високо во брдата на Далмација, едвај би можеле да ја најдете, а и зошто би ја барале. Ако не дај боже заскитате во неа, ќе паднете во заробеништво на четворицата браќа Поскок и нивниот татко Јозо Поскок.
Сепак, без грижа, се случи ли да сте толкави баксузи и налетате на овие озлогласени дивјаци, не сте без шанси да преживеете. Ако не сте дојдени да им наплатите заостанат долг за струја, како кутрине двајца инкасатори што ги чуваат врзани во визбата, најверојатно ќе ве пуштат и ќе поминете само со полесни телесни повреди од самиот чин на заробување.
Е сега, ако случајно планирате одмор на хрватското приморје и некако ве фаќа шубе од почетоков на текстот, без гајле, петмината поскоци, Јозо и неговите синови, во колумнава се дојдени „изравно” од романот „Чудо во Поскоковата Драга” на Анте Томиќ.
Нема да ви го раскажувам романот, сами ќе си го прочитате. Само една сцена. Бране и Звоне, средните синови на Јозо, близнаци, со репутација на најголеми вагабонти што некогаш стапнале во хрватски школски објект, едниот малку писмен, другиот ич, и во третата декада од животот со незгодна навика сите проблеми да ги решаваат по пат на употреба на прекумерна физичка сила, во еден момент паѓаат во рацете на шефот на сплитската полиција Горан Капулица.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.