Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма:
-Иако под ударот на тектонските движења предизвикани од македонско-грчкиот договор за името на нашата земја голем дел од таканаречената јавност буквално се раздвои на своите составни делови, при што лесно може да се забележи дека некои од тие битни компоненти за функционирање на споменатата јавност, едноставно, исчезнаа, тоа не беше пречка (поточно беше поттик) истовремено да се прогласи и „голема победа“ и „епохално велепредавство“ (во зависност од позицијата од која се гледа на работите).
Иако од потпишувањето на договорот помина едвај една недела што секако не е временска дистанца која гарантира оладени глави, а со оглед на драматичната брзина со која се одвиваат настаните, се чини дека е време низ сета онаа шума клетви, закани, навреди и воопшто говор на омраза, да прекинеме да лежиме било на „постела од трња“, или на „постела од цвеќе“, или ако сакате на брашно, туку да се обидеме цврсто да застанеме на сопственото рацио (ако воопшто остана некаква рационалност во нас) и трезвено да ги погледнеме работите. На крајот од краиштата, овојпат навистина историјата се одвива пред нашите очи.
Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.