5 прашања од Ѓунер Исмаил за кандидатурата на Ковачки

Оној кандидатот-офицер со политички амбиции пропадна. И, додека го чекаме новиот кандидат кој, јасно е како бел ден, ќе биде со слични референци и подготвен да и служи на “тврдокорната кауза“, да ги потсетам надлежните за неколку работи, или еве, да ги прашам:
1. Генералштабот има ли увид во тоа колку припадници на АРМ-офицери во униформа имаат слични политички амбиции и се подготвени во политика да влезат директно од касарна. Дополнително, знае ли генералштабот, дали на офицерите им е познато дека Уставот тоа го забранува и дали во врска со ова превзел некакви чекори?
2. Знаел ли генералштабот за тоа дека високо позициониран офицер, згора на тоа “безбедњак“, пристанал, се нафатил, бил кандисан да учествува во обид за кршење на Уставна норма бидејки не е можно да не знаел во што се впушта дозволувајки името, особено чинот, да му бидат спомнати во овај контекст?
3. Отворил ли генералштабот некаква постапка во врска со сета оваа замешаност на АРМ во “цивилните работи“?
4. Министерството за одбрана има ли некакво мислење, постапка, во врска со оваа “кандидатура“ или….?
5. Има ли АРМ Врховен Командант и дали можеби Тој се заинтересирал за оваа работа, или најмалку што можел, барем да се распрашал кај Генералштабот во врска со амбициозните офицери, мераклии за цивилни политички функции.
Додека го чекаме “името“ на следниот кандидат за кој, барем тие што малку се разбираат од вакви работи, знаат каков ќе биде, или да не речам, знаат КОЈ ќе биде.

Фејсбук статус на Ѓунер Исмаил

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e