40 кафеани

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

Е па, добро. Еве, се заврши оваа работа со името. И Законот за јазици се објави во Службен весник. Се донесе и Законот за спречување на корупцијата. Премиерот Зоран Заев е на скијање во странство. Баш ме интересира што ќе биде првата работа за која ќе се фати, кога ќе се врати в понеделник. Додека го чека камшикот од ЕУ. Не дека досега некој ги спречуваше да работат. Ама, имаа добро оправдание. Правеа историја. А и Заев самиот призна дека толкав им е капацитетот.

Откако Договорот од Преспа ќе го ратификува и грчкиот парламент, веќе нема да можат да најдат оправдание зошто не се фаќаат за работа. Вистинскиот капацитет на оваа влада ќе се види откако веќе ќе заврши историјата. Заев го испорача тоа што го вети за да се реши проблемот со Грција што нѐ држеше закопани в место 27 години.

Прашање е дали СДСМ и ДУИ ќе испорачаат добро владеење. За конечно вистински да дојде живот за сите. За што впрочем и беа избрани.

2 Кога сме веќе кај капацитетот на партиите на власт и сомнежот дали се кадарни да донесат живот за сите, еве еден обичен пример.

Во Скопје само 40 кафеани имаат дозвола да ги заградат терасите во зима и само тие кафеани платиле во градскиот буџет за тоа што ги узурпираат тротоарите. Сите други тераси се нелегални. И не плаќаат ни денар. Ниту пак се казнети. А рокот за добивање дозвола за зимските тераси истече на 1 октомври лани. Не знам зошто овие што плаќаат не се бунат, оти се ставени во нерамноправна позиција на пазарот со тие што не плаќаат. Веројатно затоа што и тие плаќаат за две-три маси, а имаат ставено по дваесет-триесет. Ама тоа никој не го проверил. А не пак да казнува.

Оваа приказна за Петре Шилегов и четириесетте кафеани е само за Скопје. За другите градови не сме ни прашале. Ако воопшто некој таму се грижи за јавниот простор. И што ни кажува овој пример за капацитетот на власта да ги спроведе законите? Ни кажува дека власта не е кадарна ни маси, ни столици да преброи.

Колуамната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e