Пејачот Саша Ковачевиќ, кој важи за еден од најангажираните и најзгодните српски пејачи, наполни 40 години.
Саша објави на Инстаграм видео како бил изненаден на плажа во Турција, кога персоналот на барот каде што уживал, дошол кај него и му донел торта и шампањ.
Славеникот бил воодушевен од овој гест, келнер го испрскал со шампањ, а пејачот повторно бил во центарот на вниманието на своите следбеници поради неговите мускули, најмногу стомачни, кои дошле во прв план во црни шорцеви за капење.