Започна снимањето на долгоочекуваниот биографски филм „Back to Black“ којшто животот на Ејми Вајнхаус ќе го пренесе на големото платно.
Англиската актерка Мариса Абела (26) ќе ја толкува улогата на Ејми Вајнхаус, а Еди Марсан ќе ја толкува улогата на таткото на покојната пејачка – Мич.
Актерката сега првпат била забележана на снимањето, а гледаме дека костимографите и шминкерите направиле одлична работа. Фотографирана била како во одење гледа во камерата. Косата ѝ била високо крената, што беше еден од заштитните знаци на познатата пејачка. Тука е и црниот „ајлајнер“ за очи којшто секако беше неизоставен дел од изгледот на пејачката, како и кожната јакна.
Инаку, славната Ејми која остави неизбришлива трага во светот на музиката, почина на 23 јули 2011 година. Пејачката беше пронајдена мртва во куќата во Лондон.
Подоцна беше соопштено дека починала како последица на труење со алкохол.. Ејми последниот концерт го одржа во Белград во јуни 2011 година во Белград.