Киднаперите побарале откуп од два и пол милиони марки од родителите на Стефан, Лепа Брена и Бобан Живојиновиќ и ги предупредиле дека ако не ги добијат тие пари, ќе го искасапат момчето, а Брена и Боба потоа ќе треба да платат двојно повеќе за телото – дури пет милиони марки!
Стефан бил ослободен по петдневна драма, но никогаш не било утврдено дали Брена и Бобан го платиле целиот откуп бидејќи киднапирањето никогаш официјално не било пријавено во полиција, иако за случајот биле информирани МВР и БИА.
Со години се шпекулирало дека за Стефан виновниците се „земунчани“, бидејќи тие низ годините киднапирале неколку бизнисмени барајќи за нив милионски откупи, но Миле Новаковиќ, поранешен началник на Управата за криминална полиција (УКП) и единицата Поскок, тврди дека Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ немаат никаква врска со тоа.
-Киднапирањето на Стефан Живојиновиќ во ноември 2000 година никогаш не беше расчистено. „Земунци“ не стојат зад тоа, бидејќи да беше спротивно, ќе се дојдеше до нив… Во сите киднапирања на „земунскиот клан“ учествуваат по десетина луѓе, а само двајца мажи го киднапирале малиот Стефан. Ова киднапирање го извршил некој од семејната средина, некој кој добро ги познавал – изјави Новаковиќ за медиумите пред неколку години, додавајќи дека:
Се разликува и начинот на комуникација меѓу киднаперите и семејството на жртвите. Брена и Бобaн добиле писмо, оставено во контејнер на Студентскиот плоштад во Белград, а во пликот имало картичка за мобилен телефон, мрежа 064, преку кој комуницирале со киднаперите. Писмото било на хартија А4 со коцки, а со машина за пишување, на латиница, детално било напишано што треба да прават родителите.
Киднаперите напишале:
„Господине и г-ѓа Живојиновиќ, со ова потврдуваме дека со нас е вашиот син Стефан. Со него ќе се однесуваме хумано се додека и вие се однесувате коректно. Нема да му фали ниту едно влакно од главата. Не се јавувајте во полиција. Стефан можете да го откупите на два начина. Жив, за два и пол милиони марки. Мртов, за пет милиони марки. Имате два дена да ги соберете парите. Кога ќе ги собирете парите платете реклама на четири радио станици. Во „Студио Б“, „Стенка“, „Пингвин“ и „Пинк“, платете да се врти: „Шафнер ги информира партнерите дека целата документација е собрана во дадениот рок, затоа ве молиме контактирајте со нас.“
Доколку не ја слушнеме рекламата по три дена, ќе веруваме дека се одолговлекува плаќањето од различни причини. Секој ден доцнење значи дека на раката на Стефан ќе има еден прст помалку. А ако ја нема рекламата и по десет дена, ќе се префрлиме на втората варијанта во која ќе треба да соберете пет милиони марки“.
Боба ги оставил парите на автопатот за Ниш, а киднаперите го оставиле Стефан на Калемегдан, во близина на Зоолошката градина. Секој криминалец кој подоцна бил уапсен бил испрашуван и за ова киднапирање, но никој ништо не знаел. Така официјално ова останало како нерешено киднапирање – изјавил Миле Новаковиќ.