Српската пејачка Сандра Африка повторно ги „запали“ социјалните мрежи.
Атрактивната српска пејачка Сандра Африка се најде во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотки од Америка на кои таа во раката држи грст долари.
Според објави на социјалните мрежи Сандра која јавноста ја знае и како „српската пејачка со најубав задник“ за само една испеана строфа на настап добила околу 20 000 евра.
Пред еден месец Сандра предизвика хасо со видео од настап во Америка, на кое таа едвај го држи бакшиш во рацете.
Многумина коментираа дека покрај Теа Таировиќ Сандра е новата „кралица на бакшишите“, а сега нејзиниот колега Бобан Рајовиќ „броеше колку зела“.
– Видов видео и набрзина изброив дека земала 22 илјади евра за строфа и рефрен – изјавила пејачката во емисијата „Амиџи шоу“, што Сандра го потврдила.