Викторија Лоба денеска слави роденден – Еве колку години полни убавата русокоса

Убавата русокоса денеска слави роденден!
Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје. Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсовска и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12. место.

Во 2004 година, таа освои прва награда, и беше наградена со Златна диплома за естраден пејач во сениорската група на Меѓународниот фестивал „Роза на ветрови“ (Роза Ветров), кој се одржа во Москва.


Од 2008 до 2010 Викторија беше фронтмен и пејач на македонската група „Тумбао салса бенд“, која свири бразилска, португалска и кубанската музика, и во исто време таа беше постојано присутна на телевизиските екрани со музичкото шоу “Котон клуб” на Алфа телевизија како член на „Тумбао салса бенд“.


Во 2010 година Викторија го завршува Државно музичко училиште (ДМБУЦ) „Иљја Николовски Луј“ во Скопје, Македонија, насока – соло пеење.

Во 2010 година, најпозната манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, ја наградува Викторија Лоба со „Откритие на годината“. Две години по ред, во 2011 и 2012 година, таа настапуваше на летниот фестивал „Љубовта и среќата“ во Охрид, Македонија, како специјален гостин заедно со Tom Boxer & Morena.

Во 2014 година, на меѓународниот фестивал во Македонија „Макфест“, Викторија ја освои наградата за најдобар настап со песната „Само мој“. Таа се натпреварувала на Скопје Фест 2014 кој беше избор за песна што ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015, со песната „Една единствена“, и завршила на седмото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e