Музичката легенда Жељко Самарџиќ активно работи на себе и престојните настапи. Пејачот кој секогаш е склон кон изненадувања, денес го објави музичкото видео за новата песна „Капучино“ напишана од Марина Туцаковиќ, додека музиката и аранжманите се на Александар Перишиќ Ромарио.
Жељко денес важи за омилен пејач низ цела поранешна Југославија, како и на Балканот. Албумите „Судбина“ и „Сеќање на љубовта“ придонесоа за неговиот огромен успех и неговото рангирање меѓу најпопуларните пејачи на поп-музиката во овој регион.