Британската поп ѕвезда Адел ред неколку дена објави дека нејзиниот прв албум по шест години пауза излегува на 19 ноември. Таа го сними албумот по големи промени и турбуленции во својот приватен живот и го нарече „30“, според возраста на која што се омажи и раздели од сопругот Сајмон Конецки во 2018.
Адел го објави и првиот сингл од новиот албум „Easy On Me“, моќна балада со пијано придружба која за само 13 часа има над 20 милиони прегледи.