(ВИДЕО) Во подземна станица вo Киев, Украина го избра својот претставник за наредното издание на Евровизија

Во подземна станица вo Киев, во саботата, Украина го избра својот претставник за наредното издание на Евровизија. Оваа станица поради војната во Украина е затворена и претворена во засолниште oд бомби.

Победник на натпреварот е групата Творчи, објавија и на официјалната веб страница на „ЕSC“.

Творчи е електро поп дуо составено од Андриј Гузуљак и пејачот Џефери Кени, основано во 2018 година во Тернопил.

Музичарите се запознале за време на студирањето на Фармацевтскиот факултет во западна Украина. Тие беа избрани да ја претставуваат Украина на Евровизија и ова е нивниот најголем успех досега.

Настанот во саботата беше во сенка на руските напади. Руските ракетни напади го парализираа снабдувањето со електрична енергија, вода и греење на украинската престолнина во петокот, но изборот сепак се одржал.

Победник на овогодинешниот избор за песна на Евровизија е Калуш оркестар од Украина. Киев го доби правото да го организира Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, но поради безбедносни грижи предизвикани од руската војна, домаќин на настанот ќе биде Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e