(ВИДЕО) Вил Смит со солзи во очите ѝ се извини на Академијата, но не и на Рок

Актерот Вил Смит синоќа ги шокираше гледачите, откако физички го нападна Крис Рок на доделувањето на „Оскарите“. Рок се пошегува на сметка на сопругата на Смит, Џејдa Пинкет, поради нејзината кратка коса. Смит потоа повторно се качи на сцената и доби „Оскар“ за најдобар актер.

Инцидентот го потврдила и полицијата, а Крис Рок не сакал да поднесе пријава против Смит.

Емотивниот Смит со солзи во очите ѝ се извини на Академијата, на колегите, но не и на Рок.
-Сакам да ѝ се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на моите номинирани колеги. Ова е прекрасен момент и навистина е комплициран за мене. Мора да бидете способни да го сакате и да се грижите за вашето семејство, за вашата сопруга. Ви благодарам за оваа чест, ви благодарам за овој момент и ви благодарам во името на целото семејство Вилијамс. Се надевам дека Академијата ќе ме покани повторно – заклучи тој.

Комичарот Крис Рок, кој беше еден од доделувачите на годинашните „Оскари“, со својот хумор ја навреди глумицата Џејда Пинкет-Смит и нејзиниот сопруг Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега.

Шегата на Рок за „Џи Ај Џејн“ се однесуваше на доста кусата коса на Џејда, која и претходно говорела за своите проблеми со алопеција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e