Со вкупно 631 поен “Стефанија” на групата Калуш Оркестра од Украина е прогласена за најдобра песна на “Евровизија 2022”. Втора е Велика Британија со нејзиниот претставник Сем Рајдер и песната ,,Space man”, а трета Шпанија со Шанел Тереро и песната ,,Сло Мо”.
Финалето на Евровизија се одржа во Торино, Италија, во арената Пала Олимпико. За победа во финалето се бореа 25 земји.