(ВИДЕО) Тина Русева ја објави својата прва македонска авторска песна „Своја“

Нашата млада музичка сензација Тина Русева продолжува да го освојува музичкиот простор со нови успеси. По настапите што ја истакнаа на европската сцена и бројните позитивни реакции од публиката, таа конечно ја претстави својата прва македонска авторска песна „Своја“, со која испраќа силна порака за самодоверба, искреност и храброст да се биде тоа што си.

Песната „Своја“ е модерна, динамична поп-композиција со силна емоционална порака. Во неа Тина пее за борбата со сопствените несигурности, но и за силата да се прифатиме себеси такви какви што сме. Рефренот „Не се менувај за ниту еден туѓ, лажен сон – биди своја“ ја носи главната идеја на песната, која е посветена на сите што храбро го следат својот пат без да се менуваат заради другите.

По повод премиерата, Тина се обрати до своите следбеници на социјалните мрежи, откривајќи колку оваа песна ѝ значи:

„Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат својот сон. Ова е нешто што долго време го носев во срце и навистина посебно се радувам што конечно ќе ја споделам со вас“, напиша таа.

Музиката и текстот на песната ги потпишува Никола Буџак, додека аранжманот е на Иван Кукиќ. Во создавањето на песната учествувале и Зоран Трендов на гитара, Борис Шурлан кој се погрижи за миксот и мастерингот, а видеото е реализирано од Mo Nemer. Снимањето и продукцијата се реализирани во студиото X Audio.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e