Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ поради настинка го пропушти вчерашното снимање на Ѕвезда Гранда, но денеска се врати во полн сјај.
Имено, фолк ѕвездата излезе од својот џип во снежно бел капут, а судејќи по високата пунџа и елегантните сандали со високи потпетици, сите се посомневаа дека под палтото се „крие“ елегантна тоалета.
Меѓутоа, кога фолк ѕвездата го соблече палтото по влегувањето во студио, ги изненади сите со „жешко“ издание.
Цеца носеше тесен, мини фустан, со интересни бисерни детали, но должината на фустанот не е она што сите погледи ги вперија во Цеца.
Својата витка линија, но и атрибутите ја истакна со шлиц кој почнува од бутот и завршува на висина на градите.
Ражнатовиќ поради смелиот и атрактивен стајлинг доби бројни пофалби од присутните.