Тејлор Свифт (31) на својот Јутјуб канал објави емотивна балада „All Too Well“ која трае десет минути.
Таа открила дека нејзината необично долга песна настанала на пробна сесија во текот на „тажниот и вознемирувачки“ период од нејзиниот живот.
Приказните дека оваа балада е поврзана со раскинувањето со Џејк Џиленхол (40) со кој раскина во 2010 година по двомесечна романса, почнаа веќе да кружат.
Иако Тејлор никогаш не потврди дека песната е направена за Џејк, во текот на емисијата на водителот Џејми Фалон признала дека минувала низ тежок период во животот кога ја напишала песната во 2011 година.
Обожавателите на Јутјуб навеле дека песната им се допаѓа и дека е емотивна.
„Плачам од што е толку емотивна“, напишала некоја обожавателка.