(ВИДЕО) Српските претставнички „го срушија“ Интернетот со жешкиот и моќен настап

Неверојатна ноќ е меѓу нас! Групата Hurricane, која ја претставува Србија на Евровизија оваа година, целосно завладеа со интернетот.
Нивната енергија и вокал направија вистински хаос. Штом настапот за песната „Локо Локо“ се појави на официјалниот канал на Евросонг, прегледите започнаа да се нижат и ова е моментално најгледаното видео на сите претставници оваа година, со повеќе од 4,5 милиони прегледи.
Тоа не е крај: Твитот што се појави на Твитер профилот на Евровизија веднаш по настапот на „ураганските девојки“, а на кој пишува „RAM BA BA BAM“, беше најлајкуваниот твит на тој канал пред две вечери.
„Благодарам што овој твит направи најмногу лајкови вечерва“, напишаа на крајот на вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e