Српската пејачка Милица Павловиќ неодамна го извади својот нов албум, со кој направи вистински хаос на српската сцена. Сега пак екипата на „Папарацо лов“ ја „улови“ со мистериозно момче.
Екипата на емисијата го следел нејзиниот автомобил по градот, а по некое време виделе дека таа всушност не е сама.
Двајцата се симнале кај еден познат парк во Белград, а објективот на камерата забележал дека момчето имало близок однос со пејачката. Се гушкале, а кога се упатиле до најблискиот ресторан тие цел време се држеле за раце. Засега не е познато кое е момчето…