Пејачката Антониа Гиговска откако пред некој ден на својот роденден објави дека е бремена и дека ќе се мажи, а сега на своите фанови им приреди уште едно изненадување – нова песна и спот.
Песната носи назив „Хабиби“, а музиката и стиховите се авторско дело на Христијан Настески познат под естрадно-уметничкиот прекар Пајак.
„Хабиби“ за помалку од 24 часа има речиси 207.000 прегледи на Јутјуб и многу позитивни коментари од почитувачите на македонската музика.