Македонскиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано после подолг период реши да ја изненади публиката со својата најнова песна.
Песната е насловена „После полноќ“, режисер на видеоспотот е познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот се погрижи Андреј Ѓоргиевски – Папаз.
Лозано и неговиот тим подготвуваат неколку нови песни, а „После полноќ“ е само почеток за она што следува.