По пауза од скоро година и половина од музичката сцена, нашата позната пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска со нов сингл.
Причини за оваа пауза се остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола. Тоа е едно слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона.
Првите капки на пазарот кои го регулираат притисокот за само седум дена! Направете го тоа сами дома!
Симона е несомнено една од најдобрите женски вокали на нашата сцена. До пред некоја година позната и како член на единственото денс дуо кај нас Саунд Месинџерс заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување.
Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска со текст на Рената Кралевска, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн..
Музичкото лирикс видео го изработи Зоран Зонде Стојановски.