Вил Смит ги шокирал гледачите на „The One Show“, кога се појавил во интервју за својот нов филм „King Richard“.
Многумина рекле дека не го препознаваат холивудскиот актер, кој се приклучил на програмата на BBC „One“, за да разговара за филмот што го прикажува детството на Венус и Серена Вилијамс.
Овој 53-годишник, кој игра во претстојната драма како Ричард Вилијамс, таткото и тренерот на тениските ѕвезди, се појавил преку видео во костим од твид пред вечерашната филмска премиера во Велика Британија.
„Ова е филм за семејството, за верата. Тоа е филм за големите соништа, мора да бидете Гринч за да излезете од овој филм и да не бидете инспирирани“, рекол тој.
Еден гледач се огласил на Твитер и рекол: „Вил Смит изгледа поинаку. И не сум сигурен зошто“.
Друг пак напишал дека Вил Смит не изгледа како Вил Смит.
„Што му направил Вил Смит на лицето“, стои во коментар.
Ричард Вилијамс, кој и покрај тоа што немал искуство во спортот и имал ограничени финансиски средства, ги довел своите ќерки до невиден успех во светот на тенисот.
Биографскиот филм, кој почнува во петок, открива расизам, насилство и тешкотии кои семејството Вилијамс морало да ги надмине.