Песната „Te Felicito“, која Шакира неодамна ја објави во дует со пејач од Порторико, со над 100 милиони прегледи на YouTube моментално е третата најпопуларна песна во светот.
Сепак, тоа не ги задоволи апетитите на пејачката, па во етер е уште една соработка, првата официјална песна што ја објави по раскинувањето со Жерар Пике.
„Don’t you Worry“ е резултат од соработката меѓу Шакира, Давид Гета и Блек Ајд Пис. И како и во претходниот музички хит, „детективите“ на социјалните мрежи во текстот пронашле одредени делови во нумерата кои се како создадени за случајот со Пике и наводното неверство.
„Го правам тоа што го сакам, бев падната но сега станав. Станувам сè помудра, сето тоа ќе биде во ред“, гласат дел од стиховите на новата песна.