Северина Вуќковиќ е една од најголемите балкански музички звезди. Изминатиов период поминуваше низ многу премрежја, претежно на приватен план. Таа се разведе од Игор Којиќ, а по долго „влечкање“ по судовите успеа да го врати и старателството над нејзиниот син Александар, кој во моментов е со неа, а бившиот сопруг Милан го гледа за време на викендите.
По се што и се случи таа објави видео на социјалната мрежа Инстаграм. Во него, таа се наоѓа во возило и драматично на себе ги става очилата и го затвора прозорецот. А во описот напиша:
– Без психички контакт, ве молам!
Многумина овој потег го протолкуваа дека на пејачката и е доста од лажни луѓе и неискрени пријатели, па сака да ја остават на мир, и да не си играат со нејзината психа.