Северина објави видео од снимањето на „Хејт Словени“ што го освои регионот во последните денови со цел да се намали говорот на омраза и лошите коментари со кои речиси секојдневно се навредуваат луѓето од просторите на поранешна Југославија.
Спотот го режираше Предраг Личина, а освен Северина, која ја игра касиерката, улоги имаа и актерите Христина Поповиќ и Горан Богдан.
Северина на Инстаграм откри колку било забавно да се работи со овој тим.
„Касиерката има нозе. Режисерот Предраг Личина: ,Биди депресивна… Затоа што веќе 20 миниту не си навредила никој… Сфаќаш?! – Ох, барем Азра да дојде сега, да ја уништам… Голема тага… Еве ја, конечно, сега ќе се испочастам – напиша пејачката со снимката „making off“.
Северина добро се изнасмеа заради дијалогот со Христина и режисерот. Во еден момент, таа се внесе во улогата, па пресилно го повлече скенерот за предмети и ќе го скинеше кабелот.
На крајот, Северина си се заигра, па си доби пофалба од нејзините придружници.