(ВИДЕО) Северина на оригинален начин му го честита роденденот на својот син

Вчера Александар, синот на Северина имаше роденден, а пејачката призна дека иако не смее ни да објавува фотографии со нејзиното дете, најде начин јавно да му честита роденден.

Имено, таа објави графит од нив двајцата заедно со песна од Балашевиќ и емотивна посвета:

-Кога се роди, во Сплит врнеше снег. Кога се роди ти, се родив и јас. Привремено не ми е дозволено да објавувам твои слики, но графитите на ѕидот на една куќа, кои штотуку ги добив, сè уште не се забранети… Ви благодарам добри луѓе што ми ги испративте овие графити и благодарам на авторот,.. Среќен роденден, чудо мое – напиша Северина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e